Лекот на „Мерк“ против коронавирусот може да ја намали смртноста и тешкиот ковид до 30 отсто кај лицата кои се со висок ризик, а ова не е доволно за француската влада да го набави апчето, јавува МИА.
Франција ја откажа својата нарачка за лекот, а наместо тоа ќе го набавува апчето на „Фајзер“, најави министерот за здравство Оливие Веран.
Франција беше прва од европските земји која го нарача лекарството на „Мерк“, но се премисли откако компанијата кон крајот на ноември годинава ги објави резултатите од неговата ефективност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе го набави “Молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19
МИА/Фото: Унсплаш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.