еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Истражување: Луѓето заразени со варијантата омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние со делта

Две студии во Велика Британија покажуваат дека инфекциите со варијантата на коронавирусот oмикрон имаат помала веројатност да „испратат“ лице во болница отколку со варијантата делта.

Тие прелиминарни студии – едната во Шкотска, другата во Англија – беа поздравени од експерти, кои, сепак предупредија дека поголемата зараза на тој сој на крајот може да доведе до потешки случаи.

Анализата на лондонскиот Империјален колеџ покажа дека луѓето заразени со варијантата омикрон имаат околу 20 отсто помали шанси да одат во болница од оние заразени со варијантата делта.

Оваа анализа ги вклучува сите случаи на ковид потврдени во Англија во првата половина на декември во кои може да се идентификува варијантата: 56.000 случаи на омикрон и 269.000 случаи на делта.

Посебна студија од Шкотска, спроведена од истражувачи од Универзитетот во Единбург и други експерти, заклучи дека ризикот од хоспитализација е за две третини помал кај омикрон, отколку кај делта.

Но, студијата покажа дека скоро 24.000 случаи на омикрон во Шкотска биле главно кај луѓе на возраст од 20 до 39 години. Младите луѓе се многу помалку склони да развијат тешки симптоми.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заболените од грип од 20.000 годинава скокнал на 37.000, можно е тестирање од корона вирус

Редакција

Убиените во Челопек имале 52 и 28 години, убиецот сакал да убие уште четири лица од истото семејство

Редакција

Двајца скопјани оствариле приход од 3,5 и 2,7 милиони евра во 2017 година

Редакција