еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во октомври била 29.145 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11,7 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,1 процент) и Информации и комуникации (10,1 процент).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,1 процент) и Други услужни дејности (2 проценти).

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Становите во Скопје поскапеле за 11%

Редакција

Стевче Кузмановски нов член на Управниот одбор на Прокредит банка

Редакција

БЕГ има гас само за уште денеска, бара Владата времено да го преземе управувањето со компанијата

Редакција