еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Францускиот Институт Пастер: Заразените од Ковид-19 развиваат привремен имунитет

Лицата заболени со лесна форма на Ковид-19 се имуни на повторна инфекција барем на краток рок, потврди францускиот институт Пастер.

Резултатите следуваат по студија врз 160 здравствени работници во две универзитетски болници во Стразбур, кои тестирале позитивни на вирусот со благи симптоми, и за ниту еден не требало хоспитализација, јави дописникот на МИА.

– Антитела беа пронајдени кај 159 од 160 лица, изјави за француското радио Франс Интер, професорот Арно Фонтане од Институтот Пастер што ја спроведе таа студија.

Професорот Арнауд Фонтанет, кој ја водеше студијата рече дека барале неутрализирање антитела за кои се знае дека обезбедуваат заштита од реинфекција.

– И тука, еден месец подоцна, ги најдовме во 98 проценти од луѓето кои биле заразени со Ковид-19 – резултати кои се навистина добри вести, изјави тој.

Засега останува нејасно колкав процент на лица кои се заразиле со болеста развиле антитела.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медицински експерти: Деца под 2 години да не носат заштитни маски

Велешанка, тетовчанец и скопјанка починаа од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Можат ли камерите на граничните премини да откријат од каде пребегнал Груевски?

Редакција

Драстичен раст на добивката на Витаминка

Редакција

Раст на бројот на заболени и на реинфекции со Ковид-19 во Македонија

Редакција