еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Германија: Францускиот предлог за старт на преговорите со Скопје е можност што не треба да се пропушти

Искористувањето на оваа можност е од врвен стратешки интерес и на Европската Унија и на С.Македонија. Сега е време да се оди напред, објави на Твитер германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, коментирајќи го францускиот предлог за деболкирање на европскиот пат на земјава.

– Западен Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Нивната иднина мора да лежи во ЕУ. Компромисот што го претстави француското претседателство за почеток на пристапните преговори со С.Македонија е можност што не треба да се пропушти, објави на својот Твитер профил германската министерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мишел: Имаме решение за старт на преговорите со Македонија, сега е време да се каже да

Фото: Фејсбук/Бербок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На факултетите ќе има настава со физичко присуство

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Се што треба да знаете за кинеската вакцина Синовак

Редакција

На битолчанецот кој заврши на Токсикологија наместо вода му бил даден раствор за машинско перење на садови

Редакција