еМагазин
Image default
Бизнис

Фруктал Мак лани со двојно зголемена добивка

Фруктал Мак АД Скопје за период од јануари- декември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, соопштија од Друштвото преку Македонската берза.

-Оперативните вкупни приходи изнесуваат 551.897 илјади денари. Во споредба со остварените вкупни приходи од минатата година за истиот период, 467.025 илјади денари, се бележи зголемување.

Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 553.398 илјади денари и бележат зголемување.

Финансиските приходи изнесуваат 1.501 илјади денари и се зголемени во однос на минатата година.

Оперативните расходи за период од 01.01-31.12.2022 година изнесуваат 494.466 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период минатата година, кога биле 435.116 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 1.850 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.

Остварената нето добивка за периодот 01.01-31.12.2022 година изнесува 50.555 илјади денари наспроти остварената добивка од 24.048 илјади денари за истиот период претходната година, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фруктал Мак со зголемена добивка во првите девет месеци

Фруктал Мак во првите шест месеци со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 3,5 милиони евра: ЕЛЕМ ќе користи помошна механизација за РЕК Битола од „Марковски компани“

Редакција

Тендер тежок 62.000 евра: Психијатриската болница Скопје купи струја од „Енерџи актив“

Редакција

„Либерти“ се вбројува во топ десетте производители на челик на глобално ниво, со исклучок на Кина

Редакција