еМагазин
Image default
Бизнис

Фруктал Мак во првото полугодие со намалена добивка

Во првите шест месеци од годинава Фруктал Мак АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, соопштија од таму преку Македонската берза.

Вкупните оперативни приходи на Друштвото за овој период изнесуваат 220.497 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период лани (271.801 илјади денари), истите бележат намалување.

-Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 218.351 илјади денари и бележат намалување во однос на минатата година, кога биле 266.785 илјади денари.

Финансиските приходи изнесуваат 529 илјади денари и се зголемени во однос на минатата година, велат од таму.

Оперативните расходи за овој период изнесуваат 211.016 илјади денари и бележат намалување во однос на истиот период минатата година кога биле 224.951 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 1.387 илјади денари и се зголемени во однос на минатата година.

Остварената нето добивка за овој период изнесува 7.287 илјади наспроти остварената добивка од 41.544 илјади денари за истиот период лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фруктал Мак лани со двојно зголемена добивка

Фруктал Мак со зголемена добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 37,7%

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со „Енерџи деливери солушнс„ вреден 5,5 милиони евра

Редакција

ЈП „Паркови и зеленило“ вработува, плата до 26.759 денари

Редакција