еМагазин
Image default
Македонија

Функционирањето на историската комисија со Македонија во сегашниот формат е излишно, вели бугарскиот академик Спас Ташев

Функционирањето на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во сегашниот формат е излишно и лично не гледам смисла во продолжување на нејзината активност, вели Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН) за Њуз.бг.

Тој вели дека не предлага распуштање на Комисијата, туку преиспитување на нејзината работа и таа да се фокусира на популаризација на неспорните факти, кои се прифатливи и за Бугарија и Република Северна Македонија.

– Може да се заклучи дека Комисијата не дава резултати, а причина за тоа е не добро осмислената идеја за нејзиното создавање, смета Ташев.

Според него, дискусиите во Комисијата се непродуктивни и за самите седници не се водат протоколи, а какви одлуки и да се донесат, тие не се почитуваат од страна на Скопје и на крајот на денот генерално се враќаме на почетната позиција.

Ташев предлага разговорите во Комисијата привремено да се замрзнат и двете страни да започнат архивско истражување со објавување на документи во нивните оригинали верзии за сите спорни лица, што би било основа за дебати.

Според него, Бугарија сега е влезена во нова етапа во политиката кон Северна Македонија.

– Досега акцентот во нашата политика беше ставен на историјата и не обрнувавме многу внимание на сегашноста. Поради оваа причина, бугарските аргументи не беа разбрани од европските и американските партнери.

Претседателот Румен Радев прв го постави прашањето дека треба да се смени акцентот и тој да се стави на човековите права. Шефот на државата го постави прашањето за тоа што Бугарите во Република Северна Македонија се маргинализирани, прогонувани и нерамноправни, вели Ташев.

Според него, земјава „навлегува во сериозна политичка криза“, за која не се знае решението.

– Доколку на евентуални предвремените парламентарни избори на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ, која се заканува со ревизија на Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија, тогаш Скопје ќе западне во меѓународна изолација, што не е во интерес на никого, смета Ташев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски: Планирав да одам во затвор, но избегав бидејќи ми се спремаше ликвидација таму

Редакција

Од штипскиот затвор освен Красниќи, избегал и Сехад Рамадани

Редакција

Кандидатурите за претседател на Пендаровски и Силјановска доставени во ДИК 

Редакција