еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Г.г Стефан бара извинување од МТВ1 зашто наместо „Архиепископ Охридски и Македонски“ бил преставен како „Архиепископ Охридски“

Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан реагира и бара извинување од МРТ за тоа што за време на синоќешниот Божикен концерт што беше пренесуван на МТВ1 на кајронот наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски“.

– За време на вчерашниот Божикен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки“, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка.

Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски.

Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид.

Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната.

Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова наше Барање и дека во иднина нема да се прават вакви сериозни грешки, Ве поздравуваме со торжествениот христијански позив: Х Р И С Т О С   С Е   Р О Д И!, се наведува во реакцијата на поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан до директорот на јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) Марјан Цветковски.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откако беа оштетени таблите: Спомениците во Скопје ќе бидат под засилен надзор

Редакција

Убава вест: Оздравени 73 болни од Ковид-19

Редакција

Три лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 66 смртни случаи од Ковид-19

Редакција