Американската пејачка Бритни Спирс се омажи по третпат.
Таа се омажи за Сем Ашгари, фитнес тренер и модел, а венчавката беше во нејзиниот дом во Лос Анџелес.
На венчавката на Бритни беше и поп-кралицата Мадона, со која го повторија славниот сценски бакнеж на доделувањето на наградите на MTV во 2003 година.
На венчавката на Битини, дојдоа и Селена Гомез, Донетела Версаче, Парис Хилтон, Дру Баримор…
Венчавката ја одбележа и инцидент со поранешниот сопруг на Бритни, Џејсон Александер, кој се обидел да упадне на свадбата и се степал со обезбедувањето.
Фото: Фејсбук/Мадона/Бритни Спирс
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.