еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Дали знаете каде може да престојувате во Битуше, селото со вонвременска убавина

Во едно од најубавите и најживописни села во Западна Македонија, Битуше речиси секој ќе посака да ги помине топлите летни денови. Свежината на воздухот, природата, глетката со „Св. Јован Бигорски“ на дланка, ќе овозможат „рестартирање“ на умот и духот.

Сместувачките капацитети се ограничени, но затоа има се поголем број на ентузијасти кои дел од нивните семејни имоти ги пренаменуваат за топло добредојде на гости, без разлика дали станува збор за семејства или планинари кои од таму можат да ги качат врвовите Крчин, Веливар езерото Локув.

За љубителите на риболовот, на само неколку километри од селото се наоѓа и познатата река Радика.

Од март месец, во ова преубаво село работи и сместувачкиот капацитет Јавор-Јоцо, кој располага со 3 соби, од кои две се опремени со 4 кревети (1 кревет на спрат и два одделни кревети, кои согласно потребите може да се спојат во брачен кревет).

Третата соба е опремена со 4 поединечни кревети кои можат да се пренаменат во брачни. Во моментов нема wi-fi и приватен паркинг. Максималниот сместувачки капацитет е 9 лица, а објектот располага со една заедничка кујна, заеднички дел за дневен престој и санитарен чвор.

„Заради ситуацијата со корона кризата, доколку имаме едно семејство, не примаме други гости за да се запазат безбедносните мерки. Јас мојот спрат од куќа го направив со целосно нов ентериер за гостите да имаат удбоност како дома,“ изјави Јоцо Бишковски за „еМагазин“.

Тој додава дека 90 проценти од вложените средства се од сопствена инвестиција, а дел се земени како грант за самовработување. По 27 години работа во Скопје, решил да се врати во родното Битуше и таму да го покрене овој бизнис.

Кујната е комплетно опремена со фрижидер, шпорет и потребен прибор за готвење и јадење, кои им се во целост на располагање на посетителите. Постелнините и пешкирите се менуваат на секои 3 дена, пријавувањето на гостите е после 13 часот, додека напуштањето на собите е најдоцна до 11 часот.

Во непосредна близина на објектот се наоѓа манастирот „Св.Јован Бигорски”, водопадот „Дуф”, Дебарско езеро и женскиот манастир „Рајчица”.

Во селото Битуше има повеќе знаменитости кои можат да бидат интересни за посетителите, меѓу кои црквата „Св.Илија“, „Св.Архангел Михаил”, „Св. Спас”, манастирскиот скит од „Св.Јован Бигорски”- Св. Кирил и Методиј,како и повеќе селски чешми со ладна и питка вода.

Во селото се наоѓа и првата македонска печатница.

Контакт телефон од Јоцо 078 413 698.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не постои цена за Искра да земе здив: Потребен е мобилен респиратор

Редакција

„Тетра“ го доби тендерот на ЕСМ за реконструкција во РЕК Битола вреден 218.000 евра

Редакција

Денеска последен ден за купување граѓански обврзници од втората емисија

Редакција