еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: Како ќе изгледа „Штип Сити Мол“ кој почна да се гради денеска

На површина од 11.000 метри квадратни денеска почна да се гради „Штип Сити Мол“ во Штип, кој е предвиден да биде трговски центар и хотелски комплекс на четири ката.

Хотелот ќе има 42 двокреветни соби и 15 апартмани.

Сопственикот, Горан Јордев, кој е и косопственик на фирмата „Дик Фагус“, информираше дека купувачите ќе можат да најдат се на едно место. Во преговори се со сите странски брендови, кои веќе се присутни на нашиот пазар, но стартуваат и преговори и со странски брендови, кои сега сакаат да бидат присутни на македонскиот пазар.

Автор на идејното решение е архитектот Александар Василев, од друштвото за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн „Студио Атриум“ од Штип, основано во 2002 година.

„Штип Сити Мол„ се очекува да стартува со работа кон крајот на 2022 година, а се гради во близина на Аква паркот, односно Градскиот базен.

„еМагазин“ ексклузивно Ви претставува како ќе изгледа новиот мол во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна изградбата на првиот Штип Сити Мол: Се очекува да стартува со работа кон крајот на 2022 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сведоштво на Македонка која ја напушта Украина со автомобил: „Луѓето се во паника дека ќе немаат храна и бензин, има огромни гужви по патиштата“

Редакција

„Свислион“ планира понуда за дооткуп на „Агроплод“

Редакција

Периодот на нестабилно време продолжува: Дожд и грмежи и следните денови

Редакција