еМагазин
Image default
Бизнис

„Свислион“ планира понуда за дооткуп на „Агроплод“

Подружницата на српската компанија „Свислион Таково“ во земјава, „ПИ Свислион“ ДОО Скопје најави дека планира да достави понуда за откуп на преостанатите 8.364 акции на „Агроплод“ од Ресен што не се во нејзина сопственост.

Како што јави „СЕЕ Њуз“, „Свислион“ планира да понуди по 13.530 денари за акција на „Агроплод“.

Компанијата информира дека конечната понуда за откуп на акциите ќе ја достави откако ќе ги добие потребните одобренија од Комисијата за хартии од вредност.

Инаку, „ПИ Свислион“ од 2006 година е мнозински акционер во „Агроплод“. Ресенската фирма е основана во 1967 година и главно се занимава со производство на храна, но исто така поседува и хотелски капацитети.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалена добивката на „Агроплод“

Економскиот удар доаѓа: Корона вирусот го „секна“ извозот на јаболкото, инвестициите, закупнините…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет компании од Македонската берза со најголема добивка: Големите банки на врвот

Редакција

Фирма ќе може да се отвори со оснивачки капитал од едно евро

Редакција

Колку вработени има во телевизиите 24, Наша и Сонце?

Редакција