еМагазин
Image default
Техно

(Галерија) Hey Reilly ги оживеа ремек делата за Instagram генерацијата

Миленикот на модниот свет, Hey Reilly, користејќи го Samsung Galaxy Note 10+ им даде нов изглед на некои од најпознатите класици во уметноста. Легендарните дела на Ван Гог, Ботичели и Да Винчи повторно оживеаја во 21. век, станувајќи дел од дигиталната колекција во целост прилагодена за Instagram генерацијата.

Дигиталните ремек-дела опфаќаат: „Селфи портрет“, „Дама со мопс-жаба“, „Мистериозната насмевка“, „Девојката со црвениот нос“ и „Венера од Насмевката“ , кои се достапни овде за преземање: www.penup.com.

Reilly, кој работи на моден дизајн и илустрации, е еден од најистакнатите дигитални уметници на денешницата и е препознатлив по спојувањето на модата со ликовната уметност, а неговите дела се наоѓаат во кампањите на врвни брендови, како што се Moncler, Calvin Klein, Nike и Vogue Italia.

Користејќи ги своите профили на социјалните мрежи како изложбен простор, Reilly има за цел да ги доближи овие слики до генералната публика, како и да ги инспирира неговите следбеници да го преиспитаат поимот за уметност и начинот на којшто таа денес се создава, споделува и консумира.

Во прилог на тоа говори и фактот што хаштагот #art на Instagram, само во 2019. година, е искористен повеќе од 334 милиони пати (metricool.com).

„Мојот Instagram профил е како галерија каде ги споделувам моите дела, а Note10+ конечно ме ослободи од мониторот и маусот, така успевам целиот процес да го подигнам на повисоко ниво. Хуморот е составен дел од мојата уметност и доколку оваа колекција го натера некој да застане и да се насмее, јас ќе бидам многу среќен човек“, истакна Hey Railley.

За време на целиот креативен процес користен е Samsung Galaxy Note 10+, а Reilly во таа прилика ги тестираше и – S Pen пенкалото, мултифокалната камера, функцијата за AR Doodle, професионалниот софтвер за уредување на видео содржини, батеријата која брзо се полни и 1TB интерната меморија.

Galaxy Note е омилен меѓу корисниците затоа што ги спојува моќта на продуктивноста со уникатните функции создадени за да ја поттикнат креативноста и иновативноста“, рече Милан Вујовиќ, директорот на одделението за адвертајзинг и корпоративна комуникација во компанијата Samsung Electronics.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата ги поставува стандардите во областа на телевизорите, паметните телефони, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системите, меморијата и ЛЕД технологијата.

За дополнителни информации и новости посетете ја news.samsung.com.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани реализирани 7,3 милиони онлајн трансакции во вредност од 229,6 милиони евра

Редакција

Забележете повеќе од тоа што го сакате со помош на новите функции на Galaxy S10 и Galaxy Note10

Редакција

(ВИДЕО) Актерот Вилијам Шатнер, капетан Кирк од „Ѕвездени патеки“ стана најстарата личност што некогаш летала во Вселената

Редакција