еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Како изгледа ресторанот „Нома“ во Копенхаген на тетовецот Рене Реџепи, кој е прогласен за најдобар на свет

Ресторанот „Нома“ во Копенхаген, на Рене Реџепи, кој има потекло од Тетово, и годинава повторно е избран за најдобар ресторан во свет. Има и зошто.

Амбиентот, барем според фотографиите објавени на Фејсбук-профилот на „Нома“, изгледа уникатен, кој овозоможува доживување кое не сте го искусиле на ниту едно друго место.

Стакленик само преточен во еден природен амбиент, ќе речете, ништо посебно. Но, не само што совршено се вклопува во природата, дизајниран е и така што во исто време е многу природен, но и луксузен.

Секој детал и ќош, се внимателно и со стил уредени. Боите, одмор за очи. Атмосферата, прилега на секое годишно време.

Состојките на храната, барем според изгледот се совршенство од бои, а кој пробал, веројатно ќе рече и совршенство на вкусови.

Знаете дека станува збор за исклучително место, само што ќе ја отворите и нивната веб-страница.

Галеријата со фотографии, нека зборува сама по себе за посебноста на „Нома“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ресторанот „Нома“ во Копенхаген, чијшто сопственик е Рене Реџепи кој има македонско потекло, е прогласен за најдобар во светот

Фото: Фејсбук/Нома

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Франција сѐ уште не може да гарантира почеток на преговори до јуни

Редакција

„30 предмети поврзани со Мерко, ниедно судење, ниедна пресуда“: Твитер реакции

Редакција

Македонските момчиња станаа мажи, а девојчињата израснаа во жени чекајќи ЕУ да ги исполни ветувањата

Редакција