еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Како познатиот ресторан „ФУК ТАК“ во Дојран стар повеќе од 100 години го добил името

Речиси и да нема посетител на Дојран, а да не отишол на ручек во познатиот ресторан „Фук так“ кој е познат по своето гостопримство и пред се вкусна храна.

Топлиот амбиент, услужливиот персонал, храната подготвена со љубов се само сведоци на приказната која трае повеќе од 100 години, а е раскажана од дедо Туше, основачот на „Фук так“.

„Јас сум Туше. Дедо Туше. Стопанот на ова место повеќе од 100 години. Туше наречен Фук-Так. Зошто Фук-Так? Далечната 1880 е година кога се градеше пругата Цариград – Солун. Се симнавме покрај пругата на дојранскиот златен брег, да видиме што ќе помине.

Тоа што го видовме беше едно чудно невидено. Огромна, многу бучна локомотива и неколку црни вагони кои се влечеа зад неа како бесни кучиња, врзани, која испушташе дотогаш нечуена мелодија која мене ми звучеше токму така ФУК-ТАК, ФУК-ТАК, ФУК-ТАК, фук-так…

Моите врсници и јас со подотворени усти и ококорени очи им се восхитувавме на официрите со блескави униформи кои излегуваа од вагоните, на госпоѓите со шарени шапки кои ѕиркаа од своите купеа со црвени завеси на прозорците на строгите железничари кои не ни даваа ни да се приближиме до возот-убавец. И кога тој конечно тргна за да си го продолжи патот, локомотивата го запеа својот рефрен фук-так, фук-так…

Со звукот на локомотивата, голема возбуда и многу смеење трчав да им соопштам на постарите дома што видов. А видов до тогаш познатото фук-так, фук-так, фук-так…

Неколку години подоцна (1884 година) го створив ова место. Го нареков токму по мојата прва врска со белиот свет, по звукот кој ме опчини фук-так, фук-так, фук-так..

Ти, што во моментов го читаш ова, знај дека седиш во домаќинска куќа, во гостилница (кафеана) направена со труд, пот, солзи, песни и… многу многу љубов, заедничката љубов на моите внуци и правнуци кои ова место и на сите оние кои ќе влезат во него, вратите се секогаш ширум отворени. А ако се уште се мислиш што да нарачаш, еве ти предлог… Во мое време тоа одеше вака: ракија, салата, чорба, икра, риба… па вино.

Гледам дека и денес ништо не се променило. И додека ја чекаш нарачката, само да знаеш. Ова место на кое седиш сега, многу веројатно е истото она на кое седеле нашиот борец Гоце Делчев, другарот Тито, Ѓорги Абаџиев, Антон Панов, Кристофер Жерафович, Христо Андонов Полјански, Блаже Конески, Никола Бадев, Петре Прличко, Илија Џаџев, Симеон Гугулоски, Петранка Костадинова, Васка Илиева, Мите Грозданов, Ристо Шишков, Гане Тодоровски, Анте Попоски, Љубен Ташкоски, плеада министри, амбасадори, претседатели, лекари, академци, професори кои живеат, живееле или барем еднаш ја посетиле Република Македонија.

Тука се напишани многу од песните кои што сте ги пееле, книгите што сте ги прочитале, големите мисли кои некаде сте ги слушнале. Тука се прославени многу свадби, неколку разводи, родендени, имендени, крштевки, слави, матури. Тука се отворале фестивали и се затворале семинари.

Тука се родиле многу љубови. Тука, освено моето, живее и еднп цело семејство познати актери, занесени поети, пензионирани политичари, музичари и музиканти, локални боеми, залутани туристи и патници намерници.

И сите вљубени во звуците на моето детство: фук-так, фук-так,фук-так…“.

После оваа приказна која ќе ја прочитате во менито на ресторанот, ќе сфатите зошто местото е толку посебно и зошто енергијата на дедо Туше, се уште се чувствува.

Фото: Фејсбук/ФУК ТАК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само 24% од граѓаните се за промена на Уставот за внесување на бугарското малцинство

Редакција

Ќе се исплаќа милионска отштета на лицата неоправдано осудени за „Сопот“

Редакција

САД издвоија 500 милиони долари за владеење на правото, а има епидемија на корупција во Македонија, вели Агелер

Редакција