еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Како се престави Македонија на Дубаи ЕКСПО

Под мотото „Нови можности“ и под слоганот „Дом на секој чекор“ оваа година Македонија со сопствен павилјон е претставена на Дубаи ЕКСПО, информираше министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук.

– Пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото културно наследство и етничката разновидност, напиша Османи.

Шефот на дипломатијата додава дека Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22 февруари 2022, кога ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности.

– Придобивките од учеството на Дубаи ЕКСПО 2020 се повеќедимензионални: подигнување на видливоста на Северна Македонија во светски рамки, креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот, привлекување странски инвестиции, олеснување на пристапот до профиталбилни светски пазари, наведува Османи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Руд-коп“ вреден 11,5 милиони евра

Редакција

Данела Арсовска назначена за почесен конзул на Унгарија во новиот конзулат во Штип

Редакција

Убава вест: Оздравени 347 болни од Ковид-19

Редакција