еМагазин
Image default
Македонија

77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Во период од 6 август до 30 септември на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, а од нив 23 проценти биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица, се вели во анализата на Министерство за здравство.

„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77 проценти од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79 проценти, додека само 21 проценти од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

 Од 1.162 починати лица со Ковид 19, 987 не биле вакцинирани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексамбасадорот Димитровски репетирал пушка кон сосед

Редакција

639 санкции за неносење маска

Редакција

Во Македонија за прв пат повеќе излекувани, отколку заболени од коронавирусот

Редакција