еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Лисец, од каде што половина држава ја имате на дланка

Државата ни е преубава и почесто треба да се истражува. Не е доволно да се посетат само комерцијалните места, потребен е мал авантуристички дух, па човек да посака да допре до недопрена природа.

Природата е најдобар лек за сите стресови, притисоци кои ги носи секојдневниот урбан живот. Одиш на планина, се прочистуваш и повторно си подготвен да ги трпиш сите урбани глупости.

Не е само Шар Планина, вредна за посети. Има и други пониски врвови кои се соодветни за рекреативци и вљубеници во природата кои се подготвени да издржат малку поголем физички напор, од едно вообичаено шетање низ град.Таков е врвот кратовски Лисец на надморска височина 1.527 метри.

Се трга од село Псача, а пејзажите кои следуваат потоа, се нереални. Прекрасна висока шума пресечена со рекичка, дрвја кои се издигнуваат кон облаците, дрвја со различни облици како во филм со најубави слики.

Пешачењето е два ипол часа до три, во зависност од кондицијата на групата, а за погледот од врвот нема пари кои можат да го купат. На дланка ви се Крива Паланка, Кратово, Шарпланинскиот масив, Истокот.

На врвот има и црквичка Св.Злата Мегленска која е отворена за посетителите. Има и место за уживање, но најважно е, целиот смет што ќе го направите да си го соберете.

Попат ќе ги сретнете и мирољубивите жители чиј што главен извор на приходи се земјоделство и одгледување на стока.

Патеката е маркирана, но најдобро е да се приклучите на планинарско друштво или некој што веќе ја одел и ја знае. Уживањето е загарантирано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиничката болница Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари

Редакција

И ДПА на Тачи и ЕДП на Хоџа дел од „Европскиот фронт“ на ДУИ

Редакција

Сиријците се борат за Русите во Украина за 5.000 фунти плата

Редакција