еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Една од тајните на успехот на Mercedes-Benz за најдобра автомобилска марка во светот – М-Класа

Далечната 1991 година, го означи почетокот на нови движења во светската економија, отворање нови пазари и забрзан технолошки напредок во сите сфери на општественото живеење.

Токму таа година, првите луѓе на Mercedes-Benz ја видоа можноста да го прошират бизнисот на компанијата преку Атлантикот и да станат неприкосновени во автомобилскиот бизнис.

Но, за такво нешто на фабриката Daimler и требало продукт кој лесно ќе го освои цел свет и чија продажба постојано би се зголемувала во следните децении. Набрзо потоа, магичната формула е пронајдена, а тоа е производство на новиот модел M-Класа.

Фабриката на Mercedes-Benz извршила истражување на светскиот пазар и дошла до заклучок дека спортско корисните возила, познати како SUV, се оние кои во годините кои следат ќе бидат најбараните возила, особено на американскиот пазар.

Веднаш потоа, германскиот производител почнал да развива вакво возило, заедно со Mitsubishi Motors, на основа на моделот Pajero, бидејќи јапонскиот производител имал особено искуство кај овој вид возила. Сепак, Mercedes-Benz на крајот се одлучува самостојно да развие такво возило.

Нова фабрика и нов модел М-Класа

Во 1993 година компанијата Daimler, сопственик на брендот Mercedes-Benz донесува одлука за градење сосема нова фабрика во американската сојузна држава Алабама, а веќе во 1997 година од производната лента излегува првиот луксузен SUV модел на Mercedes-Benz, М-Класа.

Скептиците за ова возило, упатуваа силни критики дека тоа не може да биде вистински Mercedes и му предвидуваа краток век на траење.

Сепак предвидувањата на Mercedes беа сосема точни дека  M-Класа е моделот кој им обезбеди невиден раст во продажбата.

Поради овој успех, главните конкуренти, особено другите германски производители почнаа да го следат Mercedes во создавањето на нивни конкурентни модели на М-Класата.

На таков начин Mercedes се запиша во историјата како прв производител на луксузен SUV модел во светот. За исклучителната важност на овој модел, многумина сметаат дека токму овој модел, како и иновирањето на автомобилот, претставуваше историска пресвртница во развојот не само на компанијата Daimler, туку во целокупната автомобилска индустрија.

Во текот на 2000-тите години SUV сегментот бележи невиден раст од дури 40% во САД и оттогаш овој сегмент е во постојан пораст ширум светот. Минатата година овој сегмент возила толку нараснал што опфаќа дури 40% од вкупната продажба на нови автомобили во Европа.

Инаку, Daimler во фабриката во Алабама досега има вложено над 6 милијарди долари и последниве години произведува над 300.000 различни возила во вредност од над 5 милијарди евра, кои се дистрибиураат во 135 земји ширум светот.

Mercedes-Benz е најпродаван премиум бренд во светот, далеку пред својата конкуренција, за што минатата година продаде дури над 2,3 милиони возила, од кои дури 35% се SUV возила.

Новиот GLE (некогашната М-Класа) во Македонија

Успешната приказна на Mercedes со SUV моделите и натаму продолжува со излегувањето на новиот, досега четврта генерација на GLE во изминатве 20-тина години, кој е веќе достапен во салонот на Мак Аутостар (повеќе инфо ОВДЕ), но и како тест возило, каде може да се испробаат сите врвни технологии на новиот модел.

Новиот GLE се карактеризира со исклучителна динамичност и удобност и досега невидена проодност на возилото при лоши теренски услови на движење.

Како најголем доказ за најдобрата проодност на возилото се направените тестови при движење во песочните пустински предели, каде новиот GLE се движи како да танцува на песокот. Поради ова, новиот GLE е наречен „танцувачки“ автомобил.

Системот кој го овозможува ова е E-ACTIVE BODY CONTROL, единствена иновација во светот и содржи електро-хидраулична суспензија, односно со помош на електрична енергија со напон од 48 V. Може да се придвижи суспензијата на возилото додека се наоѓа во движење или во место, со цел да се подобро зафаќање на тркалата на подлогата на движење. Прилагодувањето на суспензијата може да се врши на секое тркало одделно.

Исто така, возилото располага и со систем DYNAMIC SELECT, кој нуди 4 однапред дефинирани програми на возење, во зависност од условите, како и 3 различни нивоа на навалувања на возилото.

Новиот модел GLE исто така е светски лидер во аеродинамичност во својата класа, чиј коефициент изнесува 0,29 за чие постигнување, инженерите на Mercedes воведоа серија иновативни решенија при дизајнирање на возилото.

Внатрешноста на возилото импресионира со својот дизајн и применети материјали, а до израз доаѓаат двата големи екрани, кои се контролираат со допир и се со големина од 12,3 инчи, при што формираат еден голем екран.

И во овој модел е вграден MBUX интелигентниот систем за комуникација на возачот со автомобилот, со тоа што како новитет е можноста со него да управува и совозачот, при што системот е во можност да ја разликува дланката на возачот од таа на совозачот, а со тоа на пример, интелигентниот систем на возилото знае кому треба да ја активира функцијата масажа, вградена во седиштето.

Инаку, овој интелигентен систем на располагање нуди 40-тина различни функции за прилагодувања во возилото.

Мотори

Новиот Mercedes-Benz GLE е првиот SUV модел кој ги задоволува Euro 6d стандардите.

На располагање се повеќе мотори и тоа: 6 цилиндричен дизел мотор GLE 400 d 4MATIC, со моќност од 330 КС и вртежен момент од 700 Nm, потоа GLE 350 d 4MATIC со 272 КС и GLE 300 d 4MATIC со 245 КС.

Исто така, достапни се и бензински мотори, 6 цилиндричен и 8 цилиндричен кои се во комбинација со електромотор и развиваат 367 КС и 490 КС.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид ја доби наградата „Кристално ѕвоно“ на Македонската берза за најтранспарентна компанија

Редакција

Во Гостивар оформена ЕВН паралелка за средношколците од регионот

Редакција

Општина Дебрца покажа како се може: Советот едногласно изгласал парична помош за Сара

Редакција