еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Изложба во Кочани на производи и дизјани изработени од оризови остатоци

На 29.03.2023 г. во 13:00 часот во просториите на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани (Фоаје 2) официјално ќе биде отворена изложбата на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани”.

Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „Одоната”- Кочани, во партнерство со Македонското модно здружение- Скопје, заедно со повеќе од 20-тина млади учесници, уметници, истражувачи, ментори, дизајнери и креативци кои помогнаа во реализацијата на овој одличен проект, ќе го прикажат продуктот на трудот од изминатите неколку месеци, подрзабирајќи продукти, уметнички дела, креации, прототип-дизајни изработени од оризови остатоци: оризова арпа, оризова слама, оризово брашно.

„Инспирирани од идејата да создадеме иновативна и еко-одржлива уметничка практика, оригинални продукти од оризови остатоци и континуирано да го продолжиме ова истражување и неговата пракса и по завршувањето на проектот, благодарни сме на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кочани, за финансирањето на овој проект, како и за континуираната поддршка и соработка во текот целокупното траење на проектот.

Преку разни практични и теоретски работилници и истражувања, на учениците од локалните училишта СОУ „Љупчо Сантов”-Кочани и ОУ „Малина Попиванова”-Кочани покажавме како можат да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад како главен предмет на истражување.

Со умешност и иновација, покажаме на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во уметничката пракса, производството и дизајнот,“ се вели во соопштението.

Носителите и партнерите на проектот, во текот на осуммесечниот период на работа, заедно со учениците успешно се впуштија во изработка на уметнички и естетски издржливи дела, креации и продукти, како што се: оризова хартија, изработка на маси, столчиња за деца, модни креации, сувенири со мотиви од општина Кочани- со концентрирана тематика на оризовите остатоци.

Преку проектот, не само што се подига свесноста за важноста на заштитата на животната средина, циркуларната економија, креативната индустрија и агрикултурниот сектор, туку се влева поддршка на малцински групи, меѓусекторка соработка и промовирање домашни проекти кои придонесуваат кон европските вредности и перспективи.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната, Кочани, во партнерство со Македонското модно здружение од Скопје се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локалнадемократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2″, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кочани.

Едукативните активности се поддржани од Образование за вработување во Македонија – Е4Е, проект поддржан од владата на Швајцарија и имплементиран од Хелветас.

Фото: Ани и Дими/Дизајн на постер: Габриела Митева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца од напаѓачите во Виена имаат и македонско државјанство: Австриската полиција бара соработка со МВР за терористичкиот напад

Редакција

Пет најниско платени професии: Сонуваат за просечна плата

Редакција

Корона вирусот се „врати“ во Вухан: Се „олабавува“ ли светот прерано?

Редакција