еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца од напаѓачите во Виена имаат и македонско државјанство: Австриската полиција бара соработка со МВР за терористичкиот напад

Денеска од австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена, информираат од таму.

„Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија).

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај.

Остварена е и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц. Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кујтим Фејулаи, по потекло од Македонија стои зад терористичкиот напад во Виена, потврди австриската полиција

(Вознемирувачко видео) Терористички напад во Виена, загинаа најмалку три лица

Еден од напаѓачите во терористичкиот напад во Виена е по потекло од Тетово?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП за државни патишта склучи договор со Неотел вреден 729,1 илјади евра

Редакција

Економијата во вториот кварт поповолна, раст на извозот и личната потрошувачка

Редакција

(Фото) Aвтомобили запалени кај Бит-пазар

Редакција