еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Терористички напад во Виена, загинаа најмалку три лица

Тројца цивили – двајца мажи и една жена – загинаа во синоќешниот напад во центарот на Виена, соопшти началникот на градската полиција.

Директорот на „Виенски болници“, Михаел Биндер информира дека во шест болници во Виена се примени 15 повредени, од кои седуммина се сериозно повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кујтим Фејулаи, по потекло од Македонија стои зад терористичкиот напад во Виена, потврди австриската полиција

Еден од напаѓачите во терористичкиот напад во Виена е по потекло од Тетово?

Биндер за јавниот сервис ОРФ изјави дека станува збор за повреди добиени од куршуми, и оти кај неколкумина повредени е извршена и хируршка интервенција.

– Синоќешниот напад во Виена беше „исламистички терор“ и однесе три животи – изјави австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер на прес-конференција одржана рано утрово.

Нехамер рече дека полицијата пронашла јасни докази оти напаѓачот кој беше застрелан непосредно по почетокот на нападот „е радикализирана личност и симпатизер на Исламска држава“.

Министерот рече дека полицијата била во можност брзо да го идентификува мртвиот напаѓач и открила докази при претрес на неговиот стан и видеа испратени од сведоци.

Официјални лица одбија да го откријат идентитетот на осомничениот, бидејќи сè уште трае истрагата, а полицијата не ја исклучи можноста други напаѓачи да се сè уште во бегство. Полицијата ги повика луѓето да продолжат да на излегуваат од дома.

Нехманер рече дека Австрија нема да толерира таков напад врз демократските слободи на земјата.

– Нема да дозволиме нашите слободи и основни права да бидат украдени со такви напади, подвлече тој.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц соопшти дека армијата ќе ја преземе заштитата на објектите и локациите во Виена.

– За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, Владата донесе одлука армијата да ја преземе заштитата на објектите во Виена, изјави Курц.

Тој ги осуди вооружените напади во центарот на Виена како „гнасни терористички напади“ и истакна дека полицијата одлучно ќе дејствува против извршителите на овој грозоморен терористички акт.

Австрија ќе знае да ги одбрани демократијата и слободата, изјави синоќа австрискиот претседател Александар ван дер Белен, по вооружениот напад во центарот на Виена.

Ван дер Белен на Твитер напиша дека е длабоко погоден од терористичкиот акт и сочувствува со жртвите и повредените, како и со нивните семејства.

– Заедно и одлучно ќе ги браниме нашите слободи и демократија со сите средства, истакна Ван дер Белен. Тој додаде дека е во постојан контакт со Владата и им се заблагодари на сите странски лидери за пораките за солидарност и сочувство.

МИА/Видео: Твитер/Mani/Georgia_HGrabarФото: news.sky.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани првите случаи во Прилеп: Сопружници заболеле од корона вирусот

Редакција

Израел: Вакцината на „Фајзер“ е помалку ефикасна против делта сојот на Ковид-19

Редакција

Овошјето и зеленчукот кои се увезуваат од Турција ќе поевтинат, бидејќи извозот кон Украина и Русија е прекинат

Редакција