еМагазин
Image default
Македонија

Во Виничани ученици и наставници во изолација поради заболен наставник

Поради еден заболен наставник во подрачното училиште во село Виничани во Општина Градско, учениците и наставниците од шесто до деветто одделение кои претходно следеа настава со физичко присуство, иако носеле заштитни маски, а заради превенција, веќе една недела се во изолација и настава следат онлајн, информира за МИА, Роберт Бешовски, градоначалникот на Општина Градско.

Останатите ученици од прво до петто одделение, како и претходно, настава следат со физичко присуство.

Бешовски информира дека во Општина Градско редовно секоја недела заседава Општинскиот штаб за заштита и спасување кој ги согледува моменталните состојби и донесува препораки.

Тој информира дека во Општина Градско моментално позитивни на Ковид-19 се четири лица од кои еден е на лекување на Инфективно во велешката болница, а останатите се на домашно лекување, додека тројца веќе биле излекувани.

Бешовски информира дека Општинскиот штаб редовно им доставува храна и лекови на заболените, кои лежат и се лекуваат дома.

ЈКП „Клепа“ од Градско“ редовно врши дезинфеција на јавни површини во Градско и во останатите населени места, како и во јавните институции и училиштата во Општина Градско, информира градоначалникот Бешовски.

Најголем дел од граѓаните се совесни и се придржуваат на препораките на Комисијата за заразни болести за носење на заштитни маски и држење на пропишано растојание, е оценка на Општинскиот штаб, информира Бешовски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Раководител на смена на граничниот премин Блаце земал мито, ТВ Клан објави снимка

Редакција

Утре почнува транспортот на повредените во несреќата во Бугарија, преносот на посмртните останки на починатите наредната недела

Редакција

Во Куманово 9 новозаболени со Ковид-19, во Липково еден

Редакција