еМагазин
Image default
Бизнис

Занаетчиите ќе добијат 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

На предлог на Министерството за економија Владата денеска ги усвои измените на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво со што се зголемија средствата за поддршка на занаетчиите.

-Финансиската поддршка за мерката за набавка на алати и репроматеријали за занаетчиите се зголемени од претходно предвидените 12 милиони денари на 20 милиони денари. Исто така со измените на Програмата зголемена е и финансиската поддршка по апликант, соопшти Министерството за економија.

Имено, со оваа мерка сега се предвидува надоместување на 60 проценти од трошоците на занаетчиите или максимум 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант.

Претходно беше предвидена финансиска поддршка од максимум 30.000 денари по апликант.

Право на учество ќе имаат занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат условите кои ќе бидат дефинирани во Јавниот повик кој, според ресорното Министерство, ќе биде објавен во наредните денови по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Редакција

Бензините се намалуваат за два, а дизелот за 2,5 денари

Редакција

ЕДС го доби тендерот на „Водовод Битола“ за набавка на струја вреден 116.000 евра

Редакција