еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грижата за македонскиот идентитет е во согласност со нашите барања за европска иднина, велат од Владата за барањата на Бугарија

Благодарни сме што Германија како претседавач со ЕУ покажува засилен ангажман за исполнување на заедничката цел: одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Северна Македонија, како значаен сигнал за целиот регион и за кредибилитетот на ЕУ, што е во интерес на сите.

Ова се наведува во ставот, со кој излезе денеска Владата по вчерашната средба во Берлин на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и шефот на дипломатијата, Бујар Османи со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Средбата беше на покана на министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, како претставници на земјата, која е актуелен претседавач со ЕУ, а која повеќе пати досега напомена дека нејзина цел е првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ да се одржи до крајот на декември.

Владата нагласува дека честите контакти и средби на високо ниво се во функција на поголемо разбирање со соседна Бугарија и додава дека овие комуникации водат кон поголемо разбирање, кон зајакнување на довербата и кон приближување на позициите.

– Го почитуваме и посветени сме на Договорот од 2017 година кој нуди рамка и инструменти за менаџирање на билатерални прашања, нагласуваат од Владата и додаваат оти веруваат дека историските прашања кои се дел од заедничката историја може да се решат низ Комисијата за историски и образовни прашања, како и дека решенијата ќе ги јакнат пријателството и соработката меѓу двете земји.

– Убедени сме дека нашите три цели: грижата за националниот интерес и правото на самоопределување на македонскиот народ, нашата европска иднина и отворањето на пристапните преговори со прва меѓувладина конференција во декември и добрососедски односи врз основа на взаемно разбирање и почитување не само што не се спротивни една со друга, туку се целосно компатибилни, нагласуваат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева по враќањето од Берлин: Се уште не сме подготвени да ја одобриме рамката за преговори за Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни дојави за бомби и денеска во три основни училишта во Скопје

Редакција

Што ќе се случи ако Украина влезе во НАТО?

Редакција

Кои фирми добиле најмногу тендери за авионско прскање и уништување на комарци

Редакција