еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Новиот BMW Серија 2 Active Tourer пристигна во Македонија, подготвен за патувањето наречено живот

Функционалност, технологија, препознатливо BMW задоволство при возењето и неверојатно прогресивeн пристап во дизјанот, го карактеризираат новиот BMW Серија 2 Аctive Tourer. Компанијата М Кар го претстави овој модерен кросовер кој зрачи со авторитативен дизајн, простор и го нуди најновото BMW дигитално искуство, информираат од таму.

„Новиот BMW Серија 2 Active Tourer е одговор на предизвиците на секојдневното урбано живеење: спој помеѓу потребите за урбани активности и активности во природа, индивидуалниот и фамилијарниот живот, градските и далечните патувања.

Тој им нуди на патниците сместени на неговите пет седишта, забележително подобра удобност на подолги растојанија отколку неговиот претходник. Со совршен спој на префинетост и практичност, тој е се што и треба на современата фамилија“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.

Втората генерација на спортскиот сестран автомобил од премиум компактниот сегмент изобилува со визуелна динамика, нов дизајнерски јазик за надворешноста и внатрешноста, кои пак му даваат динамичен изглед и современ амбиент.

Неговата суштински редизајнирана внатрешност комбинира разновидни новитети од полуксузните BMW автомобили. Геометријатата на кабината и многуте детали се инспирирани од концептот на внатрешноста на импозантната BMW iX технологија. Ова создава прогресивен премиум амбиент, чии најважни елементи ги вклучуваат тенката инструмент табла, BMW Curved Display, заснован на новиот BMW Operating System 8 „лебдечкиот“ потпирач за раце со интегрирана контролна табла и сеопфатно намалување на бројот на физички контролни елементи.

Внатрешната камера е еден корисен и забавен новитет кој им овозможува на патниците да си направат селфи фотографија за време на патувањето и да си ги испратат фотографиите на својот смарт телефон.

Прогресивниот премиум карактер на новиот BMW Серија 2 Active Tourer е нагласен и со обемната стандардна спецификација. Неговата едноставна функционалност и опсегот на стандардна опрема – која значително ја надминува опремата на неговиот претходник – го прават новиот BMW Серија 2 Active Tourer особено атрактивен за активните луѓе со динамичен стил на живеење.

Згора на тоа, новиот BMW Серија 2 Active Tourer е предводник во компактниот сегмент кога станува збор за системи за помош на возачот, контрола/работење и комуникациски иновации. Стандардната спецификација вклучува: BMW Maps систем за навигација, спортски кожен волан, двозонски автоматски клима уред, Parking Assistant заедно со Reversing Assist Camera и Reversing Assistant, Cruise Control со brake function, Lane Departure Warning, сензор за дожд со контрола на бришачи и автоматско активирање на предните светла и многу други системи кои го олеснуваат возењето и го зголемуваат уживањето.

Јасниот дизајн, впечатливот преден дел и динамично издолжените пропорции се заслужни за неговиот спортски изглед и самоуверена појава. На предниот дел на автомобилот, овие квалитети се највидливо изразени преку впечатливата BMW бубрежна решетка, која има зголемени димензии, и тенките контури на предните светла. Новиот BMW Серија 2 Active Tourer има целосно LED предни светла како стандардни.

Овој автомобил е веќе во продажба и достапни се четири варијанти на моделот: со преден погон и моќност од 100 kW/136 кс до160 kW/218 кс. Новиот модел се произведува во фабриката на групацијата BMW во Лајпциг и ќе се нуди со мотори со внатрешно согорување, како и plug-in hybrid. Две нови plug-in hybrid верзии ќе се приклучат на серијата неколку месеци по претставувањето. Кај нив за првпат ќе биде вклучена BMW eDrive технологија од петтата генерација, која ја зајакнува динамиката и им дава значително подолг електричен опсег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Западниот Балкан се враќа на агендата на ЕУ, на 19 април во Луксембург ќе се одржи посебна дискусија

Редакција

Ќе се укине ли амнестијата за хашките предмети?

Редакција

(Видео) Ковачевски: Треба да се приклучиме гордо кон ЕУ, во прв план се стратешките интереси и цели на државата

Редакција