еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Москва протера 18 дипломати од мисијата на Европска унија во Русија

Москва најави протерување на 18 дипломати од мисијата на Европската унија во Русија. Одлуката доаѓа како одговор на сличен потег преземен од Брисел по офанзивата на Кремљ во Украина.

„Како одговор на непријателските дејствија на Европската унија, 18 членови на Делегацијата на ЕУ во Русија се прогласени за персона нон грата и мора да ја напуштат руската територија што е можно поскоро“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Европската унија ја осуди „неоснованата одлука“ на Русија да протера 18 дипломати на Делегацијата на ЕУ во земјата, изјави портпаролот на ЕУ за надворешни работи, Петер Стано.

– Европската унија изразува жалење за неоправданата, неоснована одлука на Руската Федерација да протера 18 членови на Делегацијата на Европската унија во Руската Федерација, рече Стано.

– Дипломатите на ЕУ за кои станува збор ги извршуваат своите функции во рамките и целосно почитувајќи ја Виенската конвенција за дипломатски односи, додаде тој.

Стано ја нарече одлуката на Русија „чист одмазднички чекор“ што „дополнително ќе ја продлабочи нејзината меѓународна изолација“.

– Европската унија продолжува силно да ја повикува Русија да престане со својата агресија врз Украина и да се врати на почитување на меѓународните правила и на кооперативен пристап во нејзините меѓународни односи, рече тој.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски доби куќен притвор

Редакција

СЗО откри застрашувачки податоци: Секој десетти заболен од Ковид-19 има симптоми и по три месеци

Редакција

ЕСМ склучи договор со Спектартермо вреден 1,8 милион евра

Редакција