еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО откри застрашувачки податоци: Секој десетти заболен од Ковид-19 има симптоми и по три месеци

Светската здравствена организација (СЗО) за Европа денеска соопшти дека секој десетти пациент заразен со коронавирусот има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата.

Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека т.н. „продолжен ковид“ останува непознат, но дека проблемот е реален и значаен.

СЗО апелира политичките актери да направат повеќе за да се посвети внимание и да се третира долготрајниот Ковид, кој, меѓу другото, се манифестира со силен замор, болка во градите, срцеви проблеми, главоболки, заборавеност, депресија, губење на чувство за мирис, дијареја и кивање.

Клуге рече дека достапните податоци покажуваат дека секое четврто лице заразено со Ковид има симптоми и еден месец по добивањето позитивен тест, додека секој десетти има симптоми дури и по 12 недели.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на реинфекциите со Ковид-19

Редакција

Кој е Беким Реџепи, заменикот на Бочварски во Министерство за транспорт и врски

Редакција

Нови 52 случаи на заразени со корона вирусот, 26 се од Скопје

Редакција