еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Вкус кој се споделува со генерации: „Краш Бонбониера” повторно ги отвори вратите на ул. Македонија

Приказната за Краш има минато и иднина и е „вкус кој се споделува со генерации“. Под ова мото се ре-отвори Краш Бонбониера на улица Македонија во Скопје.

Со свечена црвена лента точно напладне вратите на „Краш” ги отворија претставници од менаџментот на Краш Хрватска и увозниците Колид С Тим, како и хрватската амбасадарока, Нивес Тигањ.

– Нашите соработници во Македонија ја следат визијата на „Краш”, најдобар бренд на Балканот и поим за чоколади и слатки за идните генерации. Приказната за “Краш” има иднина и треба да се споделува со генерации, бидејќи „Краш” бил и останува омилен бренд кој треба да го негуваме, рекоа Невен Пивац, мнозински акционер и Славко Ледиќ, претседател на Управниот одбор на „Краш Хрватска”.

За сите љубители на чоколадите тие подготвија големи слатки изненадувања.

– Направивме комплетно реновирање и ребрендирање на продажниот салон на „Краш“ на ул. Македонија, а целта беше да ја пренесеме визијата на брендот, а тоа е да се отворат што повеќе слатки продавници за импулсно секојдневно пазарување со голем избор на подарок – пакувања, свежи рефусни слатки и чоколатца, потенцираше Душко Стојков, сопственик на компанијата Колид С Тим, ексклузивниот увозник и дистрибутер на производите на Краш Загреб за Македонија.

Хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ рече дека е чест што една од 30-те хрватски компании кои успешно работат на македонскиот пазар.

– Навистина сум задоволна што „Краш” повторно ги отвори вратите за сите гурмани и сладокусци. Сигурно една од нив е познатата бајдера, а Амбасадата на Република Хрватска во Северна Македонија ќе продолжи, во сите прилики, да ја промовира не само бајадера, туку и другите крашови слатки производи, изјави хрватската амбасадорка Тигањ.

На настонот присуствуваа пријатели на компанијата, претставници од бизнис секторот, како и родители и деца кои ги забавуваше диџеј Алек Солтиров заедно со маскотата Панда, која ги наградуваше децата.

На ре-отворањето присуствуваа и децата од СОС Детско село кои си добија слатки подароци.

– СОС Детско Село ги почитува ваквите иницијативи на компаниите, Краш е наш соработник и треба да биде пример и за другите компании да ги кани нашите деца на нивните настани за да се дружат со остантите деца. Секоја иницијатива и поддршка за нас е добредојдена, порачаа од СОС Детско Село.

Краш од 1911 годинa па до ден денес наназад е најголем производител и најзначајниот бренд во категоријата чоколади, вафли, бомбоњери и бонбони е лидер во сите екс југословенски земји, вклучително и Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вандализам и криминал не се европски вредности“: Пендаровски го осуди каменувањето на клубот во Благоевград

Редакција

Османи утре во Софија, со бугарскиот колега Милков ќе го посетат повредениот Пендиков

Редакција

Здравјето и безбедноста на вработените – еден од врвните приоритети во „Алкалоид“

Редакција