еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Германија замрзна имот на руски олигарси вреден околу 5,25 милијарди евра

Германија замрзна околу 5,25 милијарди евра имот на санкционирани олигарси од почетокот на рускиот напад врз Украина, соопшти германското Министерство за финансии.

Пред шест месеци таа бројка беше 4,28 милијарди евра.

Оваа информација Министерството ја соопшти како одговор на барањето на германскиот пратеник Кристијан Герке.

„Од декември замрзнат е имотот на олигарсите во вредност од само 200 милиони евра, а за половина година само милијарда“, рече Герке.

Според германскиот закон за санкции, тие кои подлежат на санкции од ЕУ мора веднаш да го пријават својот имот, бидејќи им се заканува парична казна или казна до една година затвор.

Досега осум олигарси го пријавиле својот имот вреден 577 милиони евра во Бундесбанката, покажуваат владините податоци.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ја запре постапката за набавка на 200.000 кинески антиковид-вакцини со посредничката фирма од Хонг Конг

Редакција

„Мажи, спремајте ги паричниците за 8. март“: Доктор Беќаровски со оптимистичка прогноза за развојот на омикрон

Редакција

(Фото) Алкалоид пушти во употреба нова инвестиција за сопствено производство на влажни марамчиња

Редакција