еМагазин
Image default
Македонија

Германската амбасадорка Холштајн: Билатерални проблеми не треба да се дел од преговарачката рамка

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Европската Унија, смета германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.

Германската амбасадорка денеска во интервју за Радио Слободна Европа, кое го пренесува МИА, дава коментар на бугарскиот меморандум испратен до земјите-членки на ЕУ, при што напоменува дека Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји-членки на почетокот на август.

-Ние, и според моите сознанија, сите други-земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската унија во овој регион, вели Холштајн.

Во врска со тоа дали се реални очекувањата земјава да ги почне преговорите за членство со ЕУ за време на германското претседавање, Холштајн нагласува дека во делот на политиката за проширување одржувањето на првата меѓувладина конференција, односно официјалниот старт на разговорите за проширување со Северна Македонија е „нашата голема цел која е заедничка цел и на Германија и на Северна Македонија“.

-Треба во рамките на ЕУ да се договориме во однос на преговарачката рамка за која моментално се дискутира во Брисел, кога ќе се постигне договор за тоа, може да дадеме и датум за првата меѓувладина конференција и се надеваме дека тоа ќе се случи во декември, додава германската амбасадорка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Совет на амбасадори: Меморандумот на Бугарија е неприфатлив и штетен за добрососедските односи

Османи за меморандумот на Бугарија: Ги имаме црвените линии на бранење на државните интереси

Бугарите со се повисоки „ниски удари“: Македонски јазик не постоел до втори август 1944 година

МИА/Фото: РСЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трет пакет економски мерки: Младите ќе добијат ваучери за партиципација на факултет и за ИТ обуки

Редакција

На „Титаник“ се сослушуваат сведоци предложени од Oбвинителството

Редакција

Анкета на МЦМС: Средна оценка 2,3 од граѓаните за економските мерки и образованието

Редакција