еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Германскиот канцелар Шолц потсети на одговорноста на Германија за убиството на милиони Евреи на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Германскиот канцелар Олаф Шолц потсети на историската одговорност на Германија за убиството на милиони Евреи за време на нацистичкиот режим, јави германската новинска агенција ДПА.

– Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните, напиша Шолц денеска на Твитер по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

Преживеаната од холокаустот Розет Кац денеска одржа говор во германскиот Парламент.

Претседателот на Бундестагот, Бербел Бас го отвори специјалниот настан, на кој присуствуваше и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. Овогодишната комеморација се фокусира на луѓето прогонувани од нацистите поради нивната сексуална ориентација или идентитет.

На 27 јануари 1945 година, војниците на Црвената армија ги ослободија преживеаните од концентрациониот логор Аушвиц во Полска, окупирана од нацистите. Во Аушвиц беа убиени повеќе од милион луѓе, од кои најголемиот број Евреи.

Датумот се одбележува во Германија од 1996 година како Ден на сеќавање на холокаустот, а венци се положуваат во знак на почит на многу локации низ земјата.

Пред пратениците се обрати и Клаус Шидерван, претставник на ЛГБТ заедницата.

Меѓународниот комитет на Аушвиц направи паралела со руската војна во Украина. Комитетот утрово соопшти дека оваа година преживеаните во германските концентрациони логори се соочуваат со нови ужаси и страдања, а Денот на сеќавањето е секогаш болен за нив. Ова, заедно со сеќавањето на нивните заклани семејства и преостанатите затвореници, е ужасот на новата војна во Европа.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 10 најголеми должници на Листата на должници на УЈП

Редакција

Бројот на исчезнати лица во поплавите во Либија достигна 10.000

Редакција

Убава вест: Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината, постигнат директен договор со компанијата

Редакција