еМагазин
Image default
Македонија

Алијанса за Албанците на седница на претседателството одлучува за преговори за влез во Владата

Претседателството на Алијанса за Албанците во седиштето во Тетово ја започна најавената средба по одлуката минатиот викенд на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим за влез на партијата во Владата.

Од 17 часот заседава ова партиско тело што треба да одлучи за тоа кој ќе учествува во тимот за преговори со Владата.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред почетокот на седницата кратко најави дека ќе се формира тим за преговарање, но претходно ќе ги слушне ставовите на членовите на претседателството.

–Да разговараме, прво да се видиме, да разговараме. Прво да ги слушнам сопартијците. Ќе има тим за преговори, рече Таравари.

МИА/Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пцуење на македонските полицајци и навреди за Македонија и Македонците: Бугарите стигнаа на Деве Баир

Редакција

И Јанева како Боки 13 не даде исказ за „Рекет“

Редакција

Забраната за движење не ја почитувале 77 лица, 46 се приведени

Редакција