еМагазин
Image default
Македонија

Гевгелија ќе добие градоначалник во вториот круг, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Според неофицијализираните, целосно обработени гласови од страна на Државната изборна комисија (ДИК), Општина Гевгелија новиот градоначалник ќе до добие во вториот круг од локалните избори, на 31 октомври.

За функцијата градоначалник на Општина Гевгелија во вториот изборен круг ќе се тркаат Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг освои 47,11 отсто гласови од излезените 63,12 отсто запишани граѓани и Сашо Поцков од СДСМ со овоени 34,69 отсто гласови во првиот круг.

Во новиот состав на општинскиот совет ќе седат девет советници од ВМРО-ДПМНЕ, седум од СДСМ и по еден од Левица, ЛДП-ДОМ и од граѓанската иницијатива на Томе Ќичуков.

Во општините Богданци, Дојран и Валандово довербата на граѓаните уште во првиот круг ја добија старо новите градоначалници, во Богданци кандидатот од СДСМ, Блаже Шапов со освоени 50,70 отсто од гласовите, во Дојран кандидатот на СДСМ, Анго Ангов со 53,21 отсто и во Валандово, кандидатот на СДСМ, Перо Костадинов со освоени 57,73 отсто од гласовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби тројца градоначалници во скопските општини, СДСМ ни еден

Избрани 30 градоначалници во првиот круг: Детален преглед според 100% обработени податоци од ДИК

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измените во Изборниот законик пред избори го загрозува легитимитетот на изборниот процес, сметаат од Транспаренси Интернешнл Македонија

Редакција

20 илјади денари минимална плата, раст од 4%, инвестиции од 1,5 милијарда, најави Заев

Редакција

На граничниот премин Блато приведено лице од Албанија барано по потерница од францускиот Интерпол

Редакција