На Е-аукција главната зграда на Еуростандард банка е понудена за продажба.
Според податоците во објавениот оглас вредноста на зградата е проценета на 520,1 милиони денари или 8,4 милиони евра.
Минимален износ на наддавање, кое ќе се одржи на 15 март, е 10.000.000 денари.
Продажбата ќе се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена.
Заинтересираните правни и физички лица за купување на зградата се најавуваат преку системот за Е- Аукција при Централен регистар до стечајниот управник Маринко Саздовски, дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба, стои во објавата.
Сите детали за огласот ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На продажба акции на Еуростандард банка издадени од Централен депозитар за хартии од вредност
Преку моделот “се или ништо“ на продажба акции на Еуростандард банка во Гранит, Макпетрол, Реплек…