еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Глоба од 50.000 евра за САСА и 15.000 евра за одговорното лице по истекот на јаловиштето

Рудникот САСА ќе плати глоба и ќе спроведе девет мерки по истекот на јаловишен материјал во Каменичка Река на 14-ти овој месец.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека откако е направен увид и констатиран прекршокот водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување, а правниот субјект Рудник САСА и Државниот инспекторат за животна средина склучија спогодба за плаќање глоба со задолжување за спроведување  девет мерки, со посредство на Комисијата за спогодување на Министерството за животна средина и просторно планирање.

За правното лице Рудник САСА е изречена глоба во висина од 50.000 евра, а за одговорното лице глоба во висина од 15.000 евра во денарска противвредност.

Имено, како што посочуваат од МЖСПП, за сторениот прекршок, согласно оваа спогодба Рудникот САСА е задолжен: да ги исчисти деловите од речното корито на река Каменица од јаловишен материјал и истиот да го однесе на депонијата за јаловиште со која располага рудникот.

Врз основа на претходно обезбедена согласност-дозвола од МЖСПП, да се изврши интервентно чистење на талогот на јаловината од бунарската зона на Каменица со цел да се спречи понатамошно загадување на подземните води со кои се снабдуваат бунарите за водоснабдување на дел од населението од општина Македонска Каменица, а потоа да се продолжи со чистење на речното корито на реката.

САСА треба да го исчисти зафатот од талогот на мала хидроелектрана која е под јаловиште бр. 4 со цел ставање во функција на зафатот на вода за производство на електрична енергија, да го стабилизира објектот јаловишна брана бр.4 и однесениот материјал јаловишен песок да го замени со соодветен материјал со исти или повисоки јакосни карактеристики.

„Санацијата на јаловишната брана да биде според техничко решение изработено од Рудник САСА на основа на документација обезбедена согласно закон,

Меѓу деветте барања се и да се отстрани геосинтетичката облога во делот на конктактите каде потпира хидројаловипшната брана бр.4 за да не дојде до недозволена контактна филтарација, да се предвидат дополнителни мерки за оперирање со хидројаловиштето пред се зголемување на должината на плажата од јаловишна кал со кое ќе се минимизира можноста од повторна контактна филтрација, да се предвиди времено решение доколку има испуштање на заматена вода низ преливен колектор поради сигурност на браната при што заматената вода да биде задржана во постоен резервоар и со пумпна станица да биде вратена во технолошкиот процес, како и да се постапи согласно член 198 од Законот за води т.е. според препораките од Годишниот извештај за анализа и стабилност на брани изработен со елаборат за анализа и стабилност на брана за 2019 г, кој треба да биде одобрен согласно член 195 од Законот за води“, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дефект во рудникот Саса предизвика краткотрајно истекување на јаловишни води во локалниот речен тек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Алкалоид“ на традиционалниот пикник собра 1.120.000 денари кои ќе бидат донирани на „О2“ за борба против загадувањето

Редакција

ОН: Луѓето од Западен Балкан губат 1,3 години живот поради загадување на воздухот

Редакција

Италијански компании претставија свои технологии и експертиза за подобрување на квалитетот на животот во урбаните средини

Редакција