еМагазин
Image default
Свет

Глобалниот снабдувач со ИТ решенија „GVG“ отвори канцеларија во Мадрид

Global Voice Group (GVG) – снабдувач на ИТ решенија за влади и регулаторни тела – минатата недела го објави лансирањето на новото седиште во Мадрид, Шпанија.

Овој развој ја поддржува сеопфатната стратегија на GVG за подобра услуга на постојната африканска база на клиенти, додека истовремено ја зајакнува својата позиција за истражување на нови пазари.

GVG е лидер во индустријата и стои позади визионерските технологии на Телеком, Комплианс и Финтек, изјави Џејмс Клод, извршен директор на GVG, кој објаснува дека воспоставувањето официјален штаб во Европа служи за рационализација на меѓународните операции, овозможувајќи и на компанијата да се фокусира на испорака на услуги во Африка.

“Имаме долга евиденција за успех во Африка, каде влеговме на пазарот пред повеќе од 20 години, како една од првите информатички и комуникациски технологии (ИКТ) компании кои првенствено се фокусираа на африканскиот континент.

Ова отсекогаш го разликувало GVG од другите главни глобални играчи во ИКТ секторот, кои обично започнуваат во Европа или Северна Америка пред да се прошират на пазарите во развој, како што е Африка. Сепак, GVG разви докажани технологии во Африка, кои сега можат да се извезат во мноштво земји во Источна Европа и Комонвелтот на независни држави (КНД)“, објаснува Клод.

Тој додава дека отворањето ново седиште во Европа не значи дека GVG си оди од Африка.

„Африка отсекогаш била, и ќе остане, клучен пазар за GVG. Ние пораснавме со Африка и гордо продолжуваме да растеме со Африка, со важна административна гранка во Кејп Таун, како и зголемени активности и нови партнерства низ целиот африкански континент.

Преместувањето на нашето седиште едноставно ги спојува техничките експерти, правните, маркетиншките,истражувачките и развојните сектори заедно под еден покрив, овозможувајќи беспрекорна координација меѓу нив. Темата на рационализација исто така е одраз на новиот корпоративен идентитет и визија на брендот кој се фокусира на создавање поголема синергија меѓу сите понудени продукти на GVG”, вели тој.

Клод потенцира дека Шпанија, конкретно, нуди голем број географски предности.

“Мадрид е најдобриот избор за основање штаб, првенствено поради нашите постоечки истражувачки и развојни капацитети во Шпанија, а исто така и поради тоа што овозможува поголемо олеснување за проширување на нови меѓународни пазари, додека продолжуваме да го зајакнуваме нашето африканско присуство.

GVG следно ќе се фокусира на проширувањето во Азија, Источна Европа и Латинска Америка, што ќе ги донесе уште еден чекор поблиску до глобалната визија на ИКТ за подобар свет. Ние ќе го искористиме сето она што го научивме и го постигнавме во Африка за да станеме ИКТ лидери на пазарот, во нови, возбудливи пазари на меѓународната сцена. Киргистан, Азербејџан, Северна Македонија, Албанија, Косово и Аргентина се меѓу првите целни земји на GVG”, заклучува Клод.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Се урна надвозник во Џенова, 11 лица загинаа

Редакција

Најмалку 35 загинати по уривањето на надвозникот во Џенова

Редакција

„Ферари“ најмоќен бренд во светот, „Амазон“ највреден

Редакција