еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Светските резерви на храна би можеле да бидат загрозени како домино ефект од руската инвазија на Украина

Светските резерви на храна би можеле да бидат загрозени како домино ефект од руската инвазија на Украина, посочуваат хуманитерните организации кои нервозно ги набљудуваат блискоисточните и азиските нации кои се потпираат на земјоделскиот извоз од завојуваните страни, пишува германската агенција ДПА.

И Украина и Русија се клучни снабдувачи на земјоделски стоки, но жетвите сега се загрозени во Украина, а заглавени во Русија поради санкциите. Повеќе од половина од прехранбените производи што ги користи Светската програма за храна на ОН (WFP) во кризните региони потекнуваат од Украина.

– Веќе има 276 милиони луѓе кои страдаат од акутен глад во 81 земја. Светот едноставно не може да си дозволи нов конфликт. Војната на рускиот претседател Владимир Путин не ја засега само Украина, каде што предизвикува неизмерна трагедија, туку ефектите ќе се почувствуваат многу подалеку од нејзините граници, рече Мартин Фрик, директор на берлинската канцеларија на WFP.

Египет – со своето население од 100 милиони, што ја прави најнаселена земја во арапскиот свет – најголемиот дел од пченицата ја увезува или од Русија или од Украина. Истото важи и за Тунис. Сиромашните луѓе во двете земји многу се потпираат на лебот како извор на исхрана. Тој е субвенциониран и затоа е релативно широко достапен.

Но, експертите во Тунис сега предупредуваат за зголемување на цените поради војната и земјата бара други извори на пченица, како Аргентина или Романија. Но, останува нејасно дали тие извори ќе можат да ја задоволат побарувачката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Снежна бајка на Попова Шапка

Редакција

Детали од МВР: Во експлозијата во Романовце загинале три дечиња

Редакција

Нови 86 случаи на Ковид-19 од 2.359 тестови

Редакција