еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Годинава направени 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) соопшти дека годинава се направени 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста, а во 2020 година се направени 34 медикаментозни абортуси во прв триместар на бременост и осум медикаментозни абортуси од 12 до 22 гестациска недела.

Медикаментозен абортус може да се направи до 22 гестациска недела од бременоста и на Клиниката почнал да се применува од октомври 2020 година.

Од Клиниката нагласуваат дека според досегашните искуства во изминатиот период, имаат голема успешност со примена на методата.

После 22 гестациска недела, прекин на бременост преку медикаментозен абортус (со лекови) може да се направи само со одобрение на комисија при Клиниката.

Медикаментите за прекин на бременост, таблетките „мифепристон“ и „мизопростол“ се обезбедени од Министерството за здравство.

Овој вид на абортус го симплифицира целиот процес затоа што не се изведува со хируршки инструменти, туку со таблети кои жената ги прима по препорака на гинеколог.

Според Светската здравствена организација, медикаментозниот абортус е препорачан како безбеден со мал процент на полесни компликации, информираат од Клиниката.

Од Клиниката истакнуваат дека по завршениот абортус, пациентките добиваат совет за контрацепција и доколку се согласат, им се дава бесплатна контрацепција обезбедена од превентивната програма за здравјето на мајките, за која Министерството за здравство обезбеди буџет за набавка на лековите за медикаментозен абортус.

Во рамките на проектот, со донација од Меѓународната федерација за планирано родителство и ХЕРА, се реновира и опреми просторија на Клиниката која ќе се користи за информирање и советување на жените за медикаментозен абортус, стои во соопштението од Клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 9,1%: Минатата недела 40 лица по втор пат заболеле од Ковид-19

Редакција

Гостивар завиен во црно: Меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје

Редакција

Кои се обичаите: Почнува рамазанскиот пост

Редакција