еМагазин
Image default
Свет

Голем број Американци, Германци и Французи не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19

Речиси секое четврто од 10 лица во Франција, повеќе од 25 проценти во САД и 23 проценти во Германија изјавуваат дека дефинитивно или најверојатно нема да се вакцинираат против коронавирусот, покажува социолошкото истражување на агенцијата „Кантар“ и притоа посочува за друг голем предизвик со кој се соочуваат владите ширум светот.

Неподготвеност да се вакцинираат искажаа и 12 проценти од Италијанците и 14 проценти од Британците, додека во Холандија 17 проценти од населението одлучи да не „се пелцува“, покажа истражувањето спроведено во седум земји од кое се гледа дека постои тесна врска меѓу неподготвеноста за вакцинирање и (не)довербата во владата.

Само 11 проценти од Американците и 13 проценти од Французите веруваат дека нивната влада е сигурен извор на информации за вакцините, покажа истражувањето на агенцијата Кантар, во споредба со 30 проценти во Холандија и Велика Британија.

Анкетата, исто така, покажа дека успехот во кампањата за вакцинација е директно поврзана со прифаќањето на вакцината и довербата во владата.

Повеќе од 60 проценти од испитаниците во Велика Британија се многу или во голема мера задоволни од кампањата за вакцинација во земјата, во споредба со 31 процент во Франција, каде вакцинацијата е најбавна во ЕУ.

Во Холандија, меѓутоа, земјата која досега вакцинираше нешто помалку од 1,8 проценти од населението и е далеку под европскиот просек, подготвеноста за вакцинација е релативно висока како и довербата во централната влада – 58 проценти од луѓето се задоволни од кампањата за вакцинација.

Во сите седум земји – Франција, Германија, Холандија, Италија, Индија, САД и Велика Британија – семејните лекари и здравствените работници се најсигурниот извор на информации за вакцините.

„Неподготвеноста за вакцинирање е се уште голема во Франција, Германија и САД, каде граѓаните му веруваат на матичниот лекар два до три пати повеќе од централната влада“, изјави директорот на „Кантар“, Емануел Ривиер, за весникот „Гардијан“.

Истражувањето исто така покажа дека мажите се поподготвени да вакцинираат од жените, 74 наспроти 69 проценти, и дека младите не сакаат да се вакцинираат. Само 32 проценти од младите од 18 до 24 години во сите седум земји изјавиле дека дефинитивно ќе се вакцинираат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амнести интернешнел: „Колективното казнување“ на цивилите во Газа од страна на Израел е воено злосторство

Редакција

(Видео) Украинците слават: Руската војска се повлече од Херсон, кој го Русија го анектираше

Редакција

Хезболах денеска го нападна Израел, по што следеше напад на Либан

Редакција