еМагазин
Image default
Свет

Високо ниво на токсични тешки метали пронајдени во храна за бебиња

Истрагата на Конгресот на САД откри опасно ниво на токсични тешки метали во примероци од храна за бебиња кои би можеле да предизвикаат невролошки пореметувања, објави Ројтерс.

Според извештајот, неколку мултинационални компании имаат внатрешни стандарди кои дозволуваат опасно високо ниво на токсични тешки метали во бебешката храна и често продавале производи кои ги надминуваат и тие граници.

Истовремено, се искажува загриженост што некои компании одбиле да соработуваат при истрагата.

На американските регулатори им се препорачува да постават максимални граници за присуство на токсични тешки метали во храната за бебиња и да ги натераат компаниите да ги тестираат крајните производи, а не само состојките од кои се произведува храната.

Целата сторија ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непознат хепатитис кој ги напаѓа децата регистриран во 11 земји, досега најмалку четири починале

Редакција

(Вознемурувачки видеа) Снимки од нападот на болницата во Газа

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од катастрофата во Либија, бројот на загинати се искачи на над 5.000

Редакција