еМагазин
Image default
Македонија

Голем интерес за вакцинирањето во Струмица

До деветти овој месец, сите термини за вакцинирање против Ковид-19 на лица постари од 77 години се пополнети, информира директорката на Здравствен дом Струмица, Љубица Митева.

Дополнува дека во текот на вчерашниот ден, кога почна вакцинирањето, од пријавени 60 лица вакцина примиле 42, а претпладнево 25.

– Вакцинирањето поминува без проблеми и без несакани последици веднаш по примањето на вакцината „АстраЗенека“.

Кадровски и просторно сме целосно опремени и подготвени за спроведување на вакцинацијата, како и целосно почитување на протоколите од Министерството за здравство, рече директорката Митева.

Вакцинирањето во Струмица се одвива во службата за спортска медицина, а Здравствениот дом засега доби 600 вакцини.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски не планира да даде помилување на осудените за насилниот упад во Собранието

Редакција

10 лица од Авганистан кои престојуваа во Македонија заминаа за Франција

Редакција

Тачи вели дека сега не е време за уцени, нема да условува со бришење на формулацијата “20%“

Редакција