еМагазин
Image default
Локално

Голем шумски пожар на падините на Осогово, затворен патот кон Пониква

Голем шумски пожар доцна попладнево избувна на падините на Осоговските планини во близина на селото Лешки, а поради густиот чад и високите пламени јазици за сообраќај е затворен и регионалниот патен правец од Кочани кон туристичкиот центар на Пониква.

Огнот бил забележан околу 16 часот над селото Бели и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири на поголема површина нискостеблеста шума, а веќе зафати и борова шума на околу петнаесетина хектари. На подрачјето се оштетени и овошни насади и повеќе пчелни сандаци, а постои опасност огнот да зафати и неколку викенд куќи во близина.

На терен се излезени сите екипи и возила на Територијалната противпожарна единица од Кочани кои интервенраат во гаснењето на огнената стихја, а поддршка имаат од вработени и механизација на комуналното претпријатие „Водовод“, од шумското стопанство „Осогово“, од Дирекцијата за заштита и спасување и од други институции.

Потешкотија во локализирањето на пожарот е непристапноста на теренот и ветерот што се засилува, поради што екипите кои интервенираат ќе останат и во текот на ноќта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца битолчани кои нападнале полицајци

Редакција

На скопјанец му го украле „Мерцедесот“ откако го оставил со клуч во брава

Редакција

Возач нападнал вработен на патарина на автопатот Тетово-Гостивар

Редакција