еМагазин
Image default
Забава

Влезниците до 1.500 денари: Светскиот спектакл „Три писма из Сарајева“ на Горан Бреговиќ и во Скопје

Најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и популарен Горан Бреговиќ, конечно го носи својот последен проект „Tri pisma iz Sarajeva“ и во Скопје, на 22-ри март во ВИП Арената.

„Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“ е најпровадан Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други, па така со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март“, се вели во соопштението на Авалон продукција.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник наутро (03.12) преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 1 (седење)- 1.500 денари

ПАРТЕР 2 (седење)- 1.200 денари

ПАРТЕР 3 (седење)- 1.000 денари

ТРИБИНИ- 700 денари (блок 1 и 15)

SILVER SEATS- 1.000 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)

GOLDEN SEATS- 1.200 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)

ВИП- 1.500 денари (блок 13).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Промоција на мурал, книга, настап на Златните славејчиња: Одбележан роденденот на маестро Џамбазов

Редакција

(ВИДЕО) „You Are The Champions„, преработка на култниот хит на Квин, посветена на здравствените работници

Редакција

(Видео) Мадона објави дует со Сем Смит, “Vulgar”

Редакција