еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат за денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76,50 денари, а 78,50 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 68,50 денари, а 68 денари Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,249 денари по килограм и ќе изнесува 43,010 денари за килограм.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, според одлуката на РКЕ, во просек  изнесува 1,23 проценти во однос на одлуката на регулаторното тело од 12-ти месецов.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 проценти, кај дизелот за 2,842 проценти, кај екстра лесното масло за 2,853 проценти и кај мазутот за 0,554 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,164  проценти, наведува РКЕ во одлуката за променат на цените на нафтените деривати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТШ ЖАС во загуба во првите девет месеци

Редакција

Пивара Скопје лани со зголемена добивка

Редакција

Велешки Кристал 1923 со намалена добивка во првите три месеци

Редакција