еМагазин
Image default
Локално

Гостиварец нападнал медицинско лице и кршел инвентар во болница

Полицијата повикала на разговор гостиварец, бидејќи вчера се однесувал агресивно во гостиварската Општа болница и нападнал медицинско лице.

Според СВР Тетово, вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение.

Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите.

Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Воз прегази 31-годишен скопјанец пред надвозникот на булевар Србија

Редакција

53-годишен маж од Битола пронајден починат во неговиот дом

Редакција

(Видео) Кров падна во тоалетите на студентскиот дом Стив Наумов, среќа што нема повредени

Редакција