еМагазин
Image default
Локално

Граѓаните ја сметаат за циркус забраната за сушење на алишта во дворни места во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров забрани сушење на алишта во дворни места што се со поглед на улица или на плоштад.

„Општина Ѓорче Петров ја измени одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Целата дополна е објавена на Службениот гласник бр 5,“ напиша градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

По оваа објава на неговиот фејсбук-профил имаше лавина од реакции на граѓани кои укажувајќи на реалните проблеми во општината, посочија дека само уште овој проблем со алиштата останал нерешен.

„Згради без паркинзи и коли на тротоари битно колку сакаш. Хром е буквално уништен, они за алишта сушење се фатиле,“ се вели во дел од коментарите.

Во друг коментар се додава дека „петнаесет минути дожд да врне, Ѓорче Петров станува Венеција, за алишта се фативте. Циркус Медрано не ви е рамен.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапува такси превозот во Охрид

Редакција

Скопјанка нападната во адвокатска канцеларија

Редакција

Коцкарската нервоза зема замав: Во Струмица повторно искршен апарат за игри на среќа

Редакција