еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Учебната година ќе почне на 1 октомври

Учебната година ќе почне на 1 октомври, соопшти денеска мандатарот Зоран Заев во изјава пред Собранието откако достави предлог-состав и програма на новата влада. Тој посочи дека онлајн-наставата ќе биде концепт за сите ученици освен за првите одделенија во кои учениците, како што рече, треба да бидат описменети, како и во училишта според проценките на самите општини.

Се остава време за да се земат предвид сите аспекти на оваа, како што рече, комплексна проблематика, како подготовка на онлајн-платформата, безбедносните протоколи за децата, прашањето за чување на децата до 10 години итн., и тие ќе бидат на дневен ред на првата сеница на новата Влада.

Како што беше и досега најавувано, за почеток на новата учебна година се потребни измени на законите за основно и за средно образование, согласно со протоколите за моделите на настава во услови на пандемија, кои треба да ги донесе Собранието.

Од досегашниот министер за образование Арбер Адеми, кој отсега ќе биде пратеник, Заев побара да ги даде неопходните информации, додавајќи и дека идната министерка Мила Царовска како актуелен потпретседател на Владата е запозната и работи на проблематиката.

– Владата навреме ќе ги донесе сите одлуки изградени врз основа на препораките од Комиосијата за заразни болести и на проценките на Министерството за образование и наука и министерот  Адеми.

Имаме прилично чиста ситуација. На првата седница на Владата ќе донесеме конечни и конкретни одлуки и веднаш ќе ги соопштиме. Имаме подготвено комплетен план, со сите анализи и искуства, со цел образовниот процес на учениците да тече, а да го заштитиме нивното и здравјето на нивните семејства, додаде Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Ако епидемиолошката остане стабилна, децата постепено ќе се враќаат во школо

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се чувствува страв во воздухот од нова „корпа“ од ЕУ

Редакција

Отец Оливер Петровски е прогласен за „Маж на годината според социјалните медиуми“

Редакција

Блажун Вошнер: „Имаме македонски лекари со успешна кариера во Словенија, но отворени сме за нови”

Редакција