еМагазин
Image default
Локално

Граѓаните да ги платат сметките за данок на имот за 2019 и 2020 година, оти Град Скопје ќе им ги блокира сметките во банка

Град Скопје апелира граѓаните да ги намират сите неплатени сметки по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година.

Во спротивно, најавуваат од Градот, ќе пристапат кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства поради неподмирени обврски по овој основ.

-Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година, се вели во соопштението од Градот Скопје.

Оттаму ги известуваат сите физички и правни лица дека може да проверат дали се подмирени обврските по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година со регистрирање на апликацијата за даноци на интернет порталот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk).

За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до Сектор за даноци на имот и комунални такси на следните телефонски броеви 02/3297-296, 02/3207-546 и 072-204-434, како и на следните е-маил адреси: [email protected][email protected][email protected][email protected] и [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една девојка го пријави тренерот по џудо од Прилеп за сексуално вознемирување

Редакција

17-годишна девојка почина откако беше прегазена на булеварот Борис Трајковски во Скопје

Редакција

Осуденици ќе извршуваат општокорисна работа во јавните претпријатија на Град Скопје

Редакција